ПРОМОТИВНИ ТАКТИКИ

Претприемачите ја користат промоцијата за да привлечат потенцијални купувачи и да ја зголемат продажбата.
Промоција едноставно претставува еден вид на комуникација со целните потрошувачи при што бизнисот се обидува да влијае на нив за да купат производ и/или услуга кои што тој бизнис ги нуди на пазарот.
Планот за промоција мора да содржи одговори за два елементи:
• Публицитет кој е бесплатен. Доколку локален весник весник напише прилог, а телевизијата објави прилог за вашиот бизнис, тоа е публицитет.
• Рекламирање со користење на маркетинг средства. Доколку вие купите простор за рекламирање во тој весник, вие сте имате реклама со цел да го промовирате вашиот бизнис.
Целта на промоцијата е да ја постави сликата за бизнисот во умот на потрошувачот.
Реклама за мали бизниси
Повеќето реклами за мали бизниси се дизајнирани со цел да му продадат на клиентот специфичен производ или услуга. Малите бизниси обично не можат да си дозволат да се впуштаат во т.н. Инстутиционален адвертајзнг како големите компании. Тоа претставува нетипичен адвертајзинг дизајниран со цел да ја задржи компанијата или индустријата во умот на јавноста. Повеќето мали бизниси го почнуваат нивниот адвертајзинг со обична печатена реклама во локален весник или списание.
Ефективна реклама за мал бизнис се концентрира на најважните аспекти од производот или услугата за потрошувачот. Тој аспект обично е еден од следните три:
• Цена
• Производ/услуга
• Локација
Ова се шестте основни делови на испечатен оглас (реклама)
1. Наслов
2. Поднаслов
3. текстуален опис
4. повик за акција
5. графички приказ
6. лого/трговска марка
Логото претставува симбол со кој се идентификува производот или бизнисот. Трговската марка е логото коешто е регистртирано (патентирано) за да се заштити од користење од страна на други компании. Логото е поставено на канцеларискиот прибор, бизнис-картички и промотивн летоци и има за цел во очите на јавноста да изврши идентификување на тоа лого со производот/услугата.

ИДЕИ ЗА ПРОМОЦИЈА
• Банери (ова се реклами кои се појавуваат на веб страници)
• Билборди (се поставуваат на високи видливи локации и користат кратки и впечатливи пораки кои возачите ги забележуваат додека возат)
• Брошури (се поставуваат во кутии за раздавање на различни локации низ градот)
• Бизнис картички (го содржи името, адресата, телефонскиот број, како и вашето име и презиме. Доколку е можно вклучете и кратко мото или изјава во врска со придобивките од соработката со вашата компанија. Може да дизајнирате сопствени бизнис картички на вашиот компјутер или да ги направете во печатница.)
• Директна пошта (Секогаш кога ќе се воспостави нов контакт со клиенти, земајте им ги нивните податоци, адресата, телефонскиот број, факсот и електронска пошта и изработете листа на корисници. Редовно ги апдејтирате со новите начини на продажба или некои специјални настани. Може да испраќате и специјални попусти до клиентите кои се наоѓаат на таа листа.)
• Каталози (кога ќе имате листа со 1000 имиња ќе можете да си дозволите изработка на каталог во 2 или 4 бои)
• Купони за попуст (давајте попуст на новите клиенти или попуст на одреден временски период. Ова ќе ги охрабри потрошувачите да ги испробаат вашите производи или услуги.)
• Летоци (промотивните летоцци се еднострани реклами кои можете да ги нацртате рачно или на компјутер. Испратете го вашиот промотивен леток на клиентите од листата на корисници или пак испечатете повеќе примероци и раздадете го на некои настани од општествен карактер кадешто ќе присуствуваат многу луѓе; спортски настани, општествени собири, итн. Промотивните летоци можат да содржат и купони за попуст)
• Бесплатни подароци (тие ги привлекуваат потенцијалните купувачи, но внимавајте да не ги разочарате со ефтини и непотребливи подароци. Можете да давате дигитрони, пенкала, часовници или др посакувани предмети)
• Промотивна облека (маици или капчиња коишто го носат името на вашиот бизнис можат да ги претворат луѓето кои ги носат во во бесплатни подвижни реклами на вашиот бизнис. Исто така можете да го ставете и името на вашиот бизнис на ќесите за купување)
• Примероци за проба (тестери) (понудете примероци од вашиот производ на потенцијалните клиенти кои поминуваат покрај вашите продавници или на некои места каде поминуваат многу луѓе. Ако продавате услуга демонстрирајте ја на некое јавно место)
• Специјални настани (организирајте натпревари, приредувајт забави или најралични настани со цел да го привлечете вниманието на потрошувачите кон вашиот бизнис. Организирањето на натпревари ќе привлече важни клиенти на вашата листа на корисници)
• Спонзорства (спонзорирањето на локален спортски тим претставува одличен начин да го воведете вашиот бизнис во општеството и да привлечете потенцијални клиенти)
• Бесплатни телефонски броеви (контактирајте со телефонска компанија со цел да воспоставите бесплатна телефонска линија за вашиот бизнис каде што клиентите ќе можат да се јават во секое време. Некои телефонски компании нудат и специјални попусти за сопствениците на мали бизниси)
• Бизнис блог (како надополнување на веб-страната малите бизниси може да обезбедат одлични промотивни активности преку блог во кој ќе објават разни едукативни и промотивни материјали поврзани со индустријата во која егзистира бизнисот.

Напишете коментар