Интернет маркетинг

Интернет маркетинг, исто така познато како веб маркетинг, онлајн маркетингили е-маркетинг е маркетинг за производи и услуги на интернет.
Интернетот донесе многу уникатни бенефиции за маркетингот, од којшто еден е и пониската цена на дистрибуција и медиуми за глобалната публика. Интерактивната природа на интернет маркетингот, како за обезбедување на инстантен одговор од страна на публиката, така и за предизвикување на нивната реакција, е уникатен квалитет на ваквиот медиум. Понекогаш за интернет маркетингот се смета дека има поширок дијапазон бидејќи не се однесува само на дигиталните медиуми како што се интернет, Е-пошта и безжични медиуми; Интернет маркетингот исто така вклучува и управување на дигиталните податоци на корисниците и систем за управување на електронските кориснички врски.
Интернет маркетингот ги поврзува креативните и техничките аспекти на интернетот, вклучувајќи дизајн, развој, рекламирање и продажба.
Постојат повеќе начини да се рекламира вашиот бизнис онлине како што се:
• Реклами – Онлине рекламите може да бидат во повеќе облици. Најраспространетите рекламисе таканаречените ППК (PPC – pay per click – плаќање по клик) кои како што кажува самото име, се плаќа само кога ќе биде реализиран кликот. Пример на таквите реклами се Google Adwords и Facebook реклами. Друг начин на промоција е преку поставување на т.н банери кои се прикажуваат на попосетенбите сајтови за кои се плаќа месецен износ за определена позиција на банерот.
• Онлине сервиси – Онлине сервисите нудат класифицирани реклами, билборди и онлајн трговски центри. Онлајн сервисете имаат т.н. Форуми за специјален интерес каде што можете да најдете луѓе кои можеби ќе се интересираат за вашиот бизнис.
• Форуми – Форуми претставуваат групи каде што луѓето оставаат поракиу еден за друг на одредена тема. Овие пораки формираат разговор каде што иако не можете директно да го рекламирате вашиот бизнис, сепак можете да ги запознаете останатите учесниции да спроведете неформални истражувања на пазарот.
• Маркетинг преку е-пошта – Еден начин на градење листа претставува можност луѓето самите да се регистрираат и да побараат да добиваат информации од бизнисот. Вообичаено се користат претходно подготвени пораки кои подесени на определен временски период се испраќаат до потенцијалниот купувач. На пример, по регистрација добива една порака, по една недела ја добива втората порака, по еден месец третата порака… освен овие претходно подготвени пораки се користат и промотивни пораки кои може да се испратат во било кое време,а ќе се однесува на специјална промоција, настан, попустен купон итн..Електронската пошта е брза и лесна за користење, но постои и можноста за бомбардирање на потенцијални корисници со неа. Повеќето луѓе имаат одбивност кон несредена пошта . Повеќето луѓе имаат одбивност кон несредена пошта. Ако вие користите таков тип на адвертајзинг тоа треба да биде информативно и забавно, така што на купувачите ќе им биде корисно да ја добиваат поштата. Секако вие можете да изработите и листа на корисници кои сакаат да ја примаат поштата за вашиот бизнис
• Веб страница – Ова е базата на еден мал бизнис каде можат да се најдат соодветни информации за бизнисот, производите, брендот, можност за контакт и нарачки. Иако во минатото овој начин на промоција беше многу скап, денес претставува еден од најевтините. Во секој случај мнгу луѓе бараат информации на интернет, не би било добро доколку потенцијалниот купувач нема да може да го најде вешиот бизнис.
• Блог – Претставува еден вид на онлајн дневник преку кој се објавуваат едукативни, информативни или промотивни содржини кои се актуелни за бизнисот. Блогот како надополнување на една веб страна и дава динамичност на базата на еден бизнис на интерент. Бидејќи блогот е место кое почесто се ажурира за разлика од веб-страницата, се очекува и повеќе посетители како потенцијални купувачи да бидат генерирани во него. Затоа и претставува едно од најмоќните промотивни орудија за еден претприемач.
• Социјални медиуми – Facebook, twitter, google plus, youtube, stumbleupon, delicious, и многу други претставуваат моќни алатки во рацете на еден претприемач. Со помош на едукативна, информативна и промотивна содржина на Facebook, Twitter, Google plus малиот бизнис може да генерира една солидна база на потенцијални купувачи. Од друга страна со помош на YouTube веќе скапите видео реклами за телевиите се достапни и за малите бизниси кои едноставно можат да ја испратат сопствената порака.

Напишете коментар