Промена на технологиите

Факторите на производството како што беше претходно кажано се земја, капитал , труд и претприемништво. Овие фактори (инпути) се директно вклучени во креирањето на производот или услугата. Технологијата пак од друга страна ги спојува овие фактори и ги насочува кон самиот процес на работа. Технологијата е резултат на иновацијата и иновативната практика на промена на самиот процес на производство. Технолошката промена се дефинира како било каква промена во процесот на производство која ги менува односите помеѓу инпутите и аутпутите. Тоа значи , со внесување на некоја измена во процесот на производство се подобрува или менува аутпутот односно крајниот производ или услуга.

Примери за промени во технологијата низ годините:

1.Интернет

Ако се навратиме наназад 10тина години ќе се присетиме на тогашните можности кои ни ги нудеше интернетот. Така наречената Dial-up интернет конекција вклучуваше конекција кон Интернет провајдер само преку телефон на конвенционална телефонска линија, и преку модем. Бидејќи dial-up коенкцијата користеше нормални телефонски линии квалитетот на конекцијата беше многу лош и се наплаќаше по времето поминато на интернет. За разлика од денешната Broadband конекција каде приклучувањето на интернет не претставува долг процес , туку едноставно сме приклучени на интернет со уклучувањето на компјутерот.

2.Складирање на електронски информации

Како прва “направа” за складирање на електронски информации се појави флопи дискот. Тој можеше да складира најпрвин стотина килобајти , а потоа со некои подобрување дури до 1.4 Мегабајти. Потоа се појавија CD-ROM-от и ZIP Дисковите кои можеа да складираат податоци од 100 до 700 МБ. Понатаму , со DVD и CD складиравме податоци кои тежеа до 4.7Гига бајти, за денес со ултра малите УСБ-иња и надворешни мемории да можеме да складираме податоци од 32гига бајти односно 500гигабајти и повеќе. Тоа во превод значи , едно УСБ од 32 ГБ е еднакво на 6 ДВД , 45 ЦД , или пак 22,222 флопи дискови. Последниот новитет од оваа област е виртуелното складирање на електорнски податоци , без физичко присуство на направа , туку едноставно онлајн чување на податоци (пр. iCloud на Apple).

3. Мобилни телефони

Со појавата на мобилната телефонија се прошири комуникацијата помеѓу луѓето која дотогаш беше условена од присуството во домовите. Првите мобилни телефони беа гломазни и со ограничен број на функции. Обавување на повик , праќање на кратка смс порака. Со годините се додаваа повеќе перформанси на телефоните како што се едноставни игри , часовник , нотес , опции за менување позадина и звук на звонење , понатаму infrared , bluеtooth , како и можност на корисникот да ги менува опциите самостојно. Но сепак приоритетни беа основната функција на телефонот – комуникацијата. Мобилните телефони низ годините имаат претрпено безброј промени не само во перформансите туку и во самиот дизајн и изглед , што денес имаме можност да ги користиме таканаречените смарт телефони , кои што освен основната функција за обавување на комуникација , имаат толку напредни перформанси што на некој начин го заменуваат персоналниот компјутер.

4. Фотоапарат

Во денешно време е незамисливо да го правиме сето тоа што го правевме порано за да овековечиме еден момент на фотографија. Купување на филм кој има само 36 слики , внимателно поставување на филмот во апаратот за да не се осветли , фотографирање поважни моменти без можност за грешки и повторен обид , повторно внимавање кога се вади филмот од фотоапаратот , носење во фотостудио каде што во посебни темни соби се развиваат 36те фотографии . И пак се одново. Денес во ерата на дигитализацијата , и фотоапаратите се дигитални и ни овозможуваат фотографирање на квалитетни фотографии во неограничен број , зумирање на посакуваните објекти , дигитален фокус и дефокус, инстантно менување на светлина , контраст , и “лепење ” филтери за подобар изглед на фотографијата, како и можност за прикачување на фотографијата на социјалните мрежи од самиот фотоапарат или пак смарт телефон. Развивањето на фотографиите кое е ретко во денешно време, исто така е олеснето . Фотоапаратот со кабел се приклучува со компјутер кој е воедно поврзан со машина за печатење, и од физичката фотографија одделени сме само со клик.

5. Медицина

Низ историјата се среќаваме со многу болести кои во тие времиња биле смртоности , а денес покрај напредокот на технологијата и самата медицина неможе да се замисли такво нешто. Почнувајќи од едноставни зафати како на

пример дентална интервенција , која во денешно време е скоро безболна , па се до посериозни медицински достигнувања како трансплантација на органи , отстранување на тумори , лекување неплодност , клонирање.

Напишете коментар